Околу 2.600 луѓе во текот на викендов се здобиле со отоци при контакт со медузи на плажите во австралиската сојузна држава Квинсленд, кои сега се затворени поради инвазијата на овие морски животни.
Станува збор за видот ‘bluebottle’ медузи кои предизвикуваат болни, но не и смртоносни отоци на човечката кожа, пренесува Би-би-си.
Најчесто, силни ветришта ги носат колониите медузи во близина на брегот.
Минатата недела 13.000 луѓе побарале помош поради отоци предизвикани од медузи, што е три пати повеќе од истиот период лани.
Повеќето инциденти биле забележани во регионите Голд Коуст и Саншајн Коуст.