Скопјанец со „голф“ излетал од пат кај „Козјак“

Скопјанец бил тешко повреден кога автомобилот што го возел излетал од коловозот, вчера на регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 13 часот во атарот на село Варвара. Тогаш автомобил „голф“  управуван од Д.К.(54) од Скопје, излетал надвор од коловозот и се превртел.

Возачот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид од страна на СВР-Скопје.

Треба да знаете
Последни објави