Полицијата уапсила две Бугарки, осомничени за повеќе кражби извршени во центарот на Скопје, информираше МВР:
Станува збор за А.М.Д.(32) и Е.С.К.(28), кои биле уапсени вчера околу 11.30 часот на булеварот Партизански одреди.
Бугарките се сомничат за кражба по чл.235 од КЗ на РМ, за што ќе им бидат поднесени кривични пријави. Двете се задржани во Полициска станица Центар за понатамошна постапка.