(Видео и фото галерија) Божествена литургија по повод Христовото раѓање – Божик

Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје денеска се одржа централната свечена божествена литургија по повод празникот Христово раѓање – Божик.

Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упатија Божикно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот торжествен поздрав – Христос се роди!

На литургијата присуствуваа претседателот Ѓорге Иванов, министрите Кочо Анѓушев, Рената Дескоска, Драган Тевдовски како и лидерот на опозицијта, Христијан Мицкоски.

 

Фото: Слободан Ѓуриќ

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави