(Видео) Шестмина загинати во потонатиот панамски брод во Црно Море во Турција

Шест лица загинаа денеска кога брод потона во близина на турскиот брег на Црното Море.

Седум од вкупно 13 лица на бродот се спасени, пренесе турската агенција „Анадолија“.

Според наводите на новинската агенцијата ДХА, пак, спасувачите во акцијата за извлекување користеле два брода, четири хеликоптери и еден авион.

Товарниот брод пловел под панамско знаме, а потонал од засега неразјаснети причини, на околу 130 километри оддалеченост од брегот на регионот Самсун.

Според податоците на агенцијата „Анадолија“, деветмина од луѓето на бродот биле Украинци, двајца од Азербејџан и двајца од Русија.

 

Треба да знаете
Последни објави