Милан Митиќ (29) од Пожаревац во 2010 година поминал 40 дена во кома откако паднал од мотор, а денес ја споделува својата приказна за да ги спречи другите да ја повторат неговата, речиси фатална грешка.
За време на несреќата Милан возел 179 километри на час, по што добил сериозни повреди на главата. Шокираните доктори по неговото оздравување му рекле дека таква несреќа преживува еден од десет милиони. Повеќе во прилогот на „Ал Џезира Балкан“.