Грчката полиција притвори осум лица поради сомневање дека ноќеска фрлиле канта со црвена боја на влезот на паркингот на Американската амбасада во Атина.
Полицијата соопшти дека десетина лица на мотори, ноќеска околу 3 часот и 30 минути по локално време, фрлиле црвена боја, а за инцидентот одговорност преземала анархистичката група Рубикон.
Тие изјавиле дека тоа го направиле поради „американскиот империјализам” и договорот на Грција со Македонија во замена за членството на Македонија во НАТО, како и поради неодамнешната американска одлука да се повлече војската од Сирија.
Анархистите Рубикон слични инциденти организираа и претходно.