Премиерот Зоран Заев заедно со сопругата Зорица изутрината присуствуваше на божествена литургија во црквата „Свети Леонтиј” во манастирот Водоча кај Струмица.
– На Божик, во храмовите се потсетуваме да ги отвориме срцата за да ја примиме радоста од Христовото раѓање која што нѐ исполнува во овие свечени денови. Радоста да им ја посакаме и подадеме и на другите, блиските, најсаканите, и заедно да го преобразиме злото во добро. Христос се роди!, објави премиерот Зоран Заев на својот ФБ профил.