Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Марадона е убеден дека напаѓачот на „Барселона“, Лионел Меси, не може да стане лидер на репрезентацијата.
Според него, Меси мора да игра поинаква улога.
-Го сакам со сето свое срце. Тој е феномен. Но тие сакаат да го направат лидер, а тој никогаш нема да биде лидер. Тој секогаш ќе остане во неговиот спортски, фудбалски и семеен свет, изјави Марадона.
Меси досега има освоено се на клупски план, но му недостасува трофејот од Мундијалите со националниот тим на Аргентина.