Брод кој пловел под панамско знаме потона во близина на градот Самсун во Турција.
Според Министерството за внатрешни работи на Турција, започната е операција за спасување, откако бродот упатил сигнал за помош.
Најмалку четири члена на екипажот се спасени, а останатите се бараат.
Засега не е познато колку членови на екипажот биле на бродот, ниту, пак, причината за несреќата. п