Голем број на контејнери кои паднаа од еден од најголемите светски товарни бродови во текот на минатонеделната бура, се пронајдени на дното на Северното море, јавија холандските власти.
Со употреба на сонарна технологија, пронајдени се 220 од 281 контејнер, според податоците на холандското министерство за инфраструктура и вода.