Две лица се приведени, а четири се уапсени кога повеќе десетици бегалци сместени во шаторите во камп во северна Грција, протестираа против условите за живот.
Протестите се случуваат во период кога земјата е погодена од студен бран и исклучително ниски температури.
Полицијата наведе дека на протестите во кампот Дијавата излегле околу 40 мигранти, кои палеле автомобилски гуми и ги блокирале патиштата пред кампот.