(ФОТО) Имала 199 килограми сега изгледа неверојатно

Шарлин Крафорд (28) во најкритичната фаза имала 199 килограми, па нејзиниот дечко не можел да ја земе во прегратка. Затоа таа самата си даде 12 месеци за трасформација, така што, меѓу другото, нејзиното момче Лука (31)  конечно можеше да ја прегрне.

Инаку Шарлен се бори со вишок килограми целиот свој живот, а Лука го запознала во 2008 година на Интернет.

Како што напредуваше нивната врска, бројките на нејзината вага исто така напредуваа. Секс имаа  се помалку и помалку, бидејќи Шарлен се срамеше од самата себе.

Лука беше вознемирен што не можевме да ги направиме најобичните работи, како што е шетање по плажа. Во една прилика моравме да одиме со авион и да ја посетиме неговата мајка. Моравме да земеме две места за мене. Сакав да умрам од срам. Лудо е да се сака, но навистина е тешко да се изгради љубовен однос со морбидно дебел човек, се сеќава Шарлин.

Тогаш сфатила дека нејзината тежина ги ограничува и двајцата и одлучила да направи нешто во врска со тоа.

По операцијата, таа се префрли исклучиво на здрава храна. Таа губела по шест килограми неделно. Тогаш почнала и со вежбањето.

Резултатот е дека за 12 месеци успеала да намали неверојатни 93 килограми! Таа сè уште има вишок килограми, но дефинитивно е на вистинскиот пат и вели дека не планира да се откаже.

Треба да знаете
Последни објави