Група бродови на НАТО под раководство на Холандија планира да вплови во Црно Море, изјави шефот на украинската мисија во Алијансата, Вадим Пристајко.
– Постојат оперативни групи, сега една од групите е предводена од Холандија, холандскиот брод само што почна да ги предводи другите бродови. Тие исто така планираат да впловат во Црно Море, посочи Пристајко.
Тој додаде дека НАТО е ограничен во ширењето на своето присуство во Црно Море со доктрината која утврдува број и тонажа, како и времето на престој на воени бродови кои не припаѓаат на црноморските држави.
Пристајко ја отфрли можноста на впловување на НАТО бродови во Азовско Море, истакнувајќи дека тоа е тежок процес за воените бродови поради малата длабочина, како и поради тоа што Русија нема да се согласи со тоа.
– Не гледам зошто НАТО би одел на провокација и во принцип, НАТО нема никого да провоцира, а пред се Русија, потенцира Пристајко.
Десантниот брод на американската воена морнарица „Форт Мекхенри” во состав на 22. Поморска експедициска група во неделата помина низ Дарданели во Црно Море.