Замбија го запре производството на енергетски пијалак што предизвикувал ерекција

Властите во Замбија му наредија на локален производител да го запре производството и дистрибуцијата на енергетски пијалак што наводно предизвикувал пролонгирана ерекција кај мажите.

Наредбата доаѓа откако Бирото за стандарди на Уганда (УБС) во писмо изјавило дека тестирале примероци од шише Нејчрл Паур СХ откако потрошувач се пожалил на прекумерно потење и ерекција што траела речиси шест часа.

УБС изјави дека пијалакот содржи силденафил цитрат, кој се користи за еректилна дисфункција.

Енергетскиот пијалак е произведен од Ревин Замбија Лимитед, компанија лоцирана во Ндола на северот од Замбија.

Треба да знаете
Последни објави