Направете освежувачко, здраво песто со листови од див лук , кој е одличен како чистач на крвта и нашиот организам…
Оваа самоникната, дива билка, по лековитоста се споредува со лукот, со кој дели сличен интензивен мирис и вкус. Ја нарекуваат чистач на крвта, а добра е и при тегобите со лишаи, реума, гихт. Оваа билка можете да ја додадете свежа во салатите, варивата, а еве како можете да подготвите и песто за четири лица:
Состојки:
– 2 китки див лук
– 100 мл маслиново масло
– 1 лажица пињоли
– свежо мелен црн пипер
– 50 до 75 гр рендан пармезан
– сол
Подготовка:
Измијте го и исецкајте дивиот лук. Во тавче без масти испржете ги пињолите. Дивиот лук, маслото, пармезанот и пињолите ставете ги во блендер и мешајте додека смесата да стане хомогена. Додадете црн пипер и сол по желба.