Родителите им направија свадба на своите близнаци (6) бидејќи веруваат дека тие во минатиот живот биле љубовници.
Тие, исто така, мислат дека кармата потоа ги наградила во овој живот да се родат како близнаци.
Нивните деца се венчаа на голема церемонија во Бангкок, Тајланд. Кога се родиле Гитар и Киви, родителите знаеле дека ќе ги венчаат.
https://www.facebook.com/DidThatJustHappenDM/videos/218122942463782/
Будистичкото семејство верува дека кога ќе добијат близнаци од различен пол, мора да решат некои од проблемите што ги имале во минатото.
Ако не се венчаат, тие веруваат дека во иднина нема да имаат среќа.
Голем број пријатели и членови на семејството дојдоа на оваа церемонија, а свадбата чинеше илјадници долари.
Венчавката се врши според локалните обичаи, па со самото тоа децата не се официјално венчани.
Гитар и Киви ќе можат да најдат други партнери кога ќе пораснат бидејќи се смета дека со своето венчавање во детството ги отплатиле старите долгови.