Тие се суровата албанска мафија: Ја освоија и Британија и Франција

На крајот на 2018 година регионалните медиуми нашироко пишуваа за албанската мафија, која преку недвижен имот испрала 1,5 милијарди евра во Србија во последните десет години, Британците пренесуваа фотографии на албанските босови, кои отворено се расфрлаат со богатство, а француски “Фигаро” предупреди дека се се повеќе присутни во Франција.

Сепак, и покрај бројните вести, албанската мафија е обвиткана во мистерија и многу малку е познато за нив со сигурност.

Членовите на овој криминален синдикат имаат репутација дека се многу насилни, исклучително брутални кон предавниците и кон оние кои им се замериле, многу се затворени и специјалност им е проституцијата и трговијата со дрога. Најчесто може да се сретне фактот дека се одговорни за 70 до 75 проценти од светската трговија со дрога, што се должи на фактот дека канабис се одгледува на стотици хектари во затворени зони во Албанија, каде што полицијата практично нема пристап, па италијанските медиуми со години оваа земја ја нарекуваат „Канабистан“.

 

Пред неколку години полицијата го освои селото Лазарат, а на удар беше кланот предводен од Гате Махмутај, за кој се верува дека ја контролирал трговијата со дрога вредна 6 милијарди долари. За каков вид на “бизнис” станува збор говорат  и податоците од различни разузнавачки служби дека Албанците успеале да земат голем дел од колачот на пазарот на наркотици од Колумбија.

Британската Национална криминалистичка агенција ги стави на трето место на најмоќни мафии, а ФБИ лани спроведе неколку големи рации во кои се уапсени криминалци од албанско потекло или избеглици од Албанија и Косово, а кои во САД наводно избегале од војните на Балканот. Исто така и германската разузнавачка служба во официјалните извештаи укажува на раст на албанската мафија во земјата, особено во реонот на Хамбург.

Се верува дека не постои единствена организација на албанската мафија на глобално ниво, како Коза Ностра, туку дека станува збор за албански кланови кои оперираат во одредени области и меѓусебно многу добро соработуваат. Иако албанските кланови соработуваат со други мафии, тие првенствено соработуваат едни со други. Соработката се заснова на етничката припадност и на „беса”, односно ветувањето, дадениот збор или чест, која игра важна улога во албанската култура од времето на племенските заедници.

Стереотипно е мислењето дека кланот (фис, братство, семејство) има “Извршниот комитет” кој се нарекува „бајрак” и кој ги избира лидерите на сите единици надлежни за одредени задачи или територија. Овие лидери се нарекуваат „крје” или главата на албански јазик, а неговиот заменик “крјетар“ (водач). Тој потоа избира “пријател” (мик), која дејствува како врска помеѓу него и обични војници.

Албанските кланови се многу затворени и се смета дека е најтешко да се инфилтрираа во нивните редови, бидејќи членови на кланот се всушност роднини, од најтесно до пошироко семејство, а бракот игра важна улога во ширењето на кланови.

Се верува дека бизнисот со дрога во Албанија е контролиран од страна на 15 семејства. Со години се пишува дека Скадар го држи моќниот клан Шакја, а кланот Аљуши е во реонот на Кучај.Во медиумите често се спомнуваат и кланови кои се управувани од страна на семејствота Кула, Абази, Борици и Брокај, за кои најесто се тври дека под нивна команда имаат речиси 20 косовски фамилии, кои го контролираат не само пазарот со дрога иоружје, туку и проституцијата, рекетот и перењето пари.

 

Треба да знаете
Последни објави