Шпигл: Хакерот ја призна вината, немал поврзаност со странските служби

Германскиот магазин „Шпигл“ објави дека уапсеното 20-годишно лице, осомничено за една од најголемите кражби на податоци во историјата на Германија, која погоди стотина тамошни политичари, ја признал вината, пренесе „Ројтерс“.

Се наведува дека истражителот на Канцеларијата на федералната криминалистичка полиција, која се занимава со неговиот случај, рекол оти осомничениот изјавил дека не бил свесен за размерот на последиците од неговата постапка и дека засега ништо не укажува на каква било поврзаност со странските безбедносни служби.

Германските власти претходно денеска соопштија дека е притворен осомничениот за хакерскиот случај што резултираше со објавување приватни информации за стотина политичари и познати личности, пренесе АП.

Треба да знаете
Последни објави