Преговорите со Марсеј пропаднаа, поради што напаѓачот на Ница Марио Балотели е понуден на италијански клубови.
Судејќи според спортските медиуми, 28-годишниот Балотели нема иднина во Ница по низата расправии со тренерот Патрик Виера и е подготвен спогодбено да го раскине договорот со францускиот клуб шест месеци пред да истече.
Контроверзниот Италијанец уште летоска направи лекарски прегледи во Марсеј, но двата клуба не беа договорени за отштетата.
Сега Марио е поблиску до враќање во Италија, отколку останување во Франција, а неговиот агент Мино Раиола наводно веќе го понудил на Парма, Сампдорија, Сасуоло и на Болоња.
Балотели претходно има играно за Лумецане, Интер, Милан, Манчестер Сити и за Ливерпул.