ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги подели граѓаните на 99 отсто сиромашни и 1 процент богати

Аболицираниот криминалец Зоран Заев ги подели граѓаните на 99 проценти сиромашни и 1 процент богати, реагира ВМРО-ДПМНЕ, по прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, кој претходно обвини дека Мицкоски ги поделил граѓаните на лојални и нелојални.

„Граѓаните со оваа власт сè повеќе осиромашуваат, на сметка на партиската олигархија на СДСМ која забрзано се богати. Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај и секојдневно тонат во немаштија, функционерите од власта и нивните семејства редат милионски тендери од државни институции. Живот дојде само за партиската олигархија, која го зацрнува животот на граѓаните, а не и за граѓаните. Нема 500 евра плата, но има 1.5 милиони за тендери на невенчаниот сопруг на Царовска. Нема 100 000 денари плата за лекарите, но затоа има 90 000 евра за тендер на сопругата на Макрадули. Нема 600 километри нови автопатишта, но затоа има милиони за фирмите на Анѓушев. Ветуваа живот, а донесоа очај. Наместо просперитет, имаме стагнација. Државата мора да излезе од црнилото во кое ја втурна Заев. Зората мора да изгрее“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави