„Мастеркард“ го брише името од своето лого

Компанијата „Мастеркард“ објави дека по повеќе од половина век ќе го отстрани своето име од логото, со што како заштитен знак ќе останат само црвениот и жолт круг.

Со ова, „Мастеркард“ се приклучува на повеќе брендови, како што се „Најк“ и „Епл“, чии маркетинг-кампањи повеќе се базираат на визуелното лого, а не на пишаниот назив, објави агенцијата АП.

„Мастеркард“, како што се додава, во последниве години се обидува да се позиционира како технолошка компанија во индустријата на глобални плаќања.

Се верува дека 80 отсто од луѓето го препознаваат логото на „Мастеркард“, дури и кога тоа не го содржи името на компанијата, а еден од директорите на меркетиншката компанија „Метафорс“, Ален Адамсон, нагласува дека сликата говори повеќе од зборови.

Треба да знаете
Последни објави