Поранешниот министер за финансии на Мозамбик се појави пред судот во Јужна Африка

Поранешниот министер за финансии на Мозамбик, Мануел Чанг, се појави пред суд во јужноафриканскиот главен град Преторија, на сослушување за барањето на САД за негова екстрадиција поради наводно извршено кривично дело измама.

Тој беше уапсен како дел од акцијата која таргетираше поединци обвинети за вмешаност во измамничка шема од 2 милијарди долари поврзана со фирми од Мозамбик.

Чанг ги одби сите обвиненија.

Треба да знаете
Последни објави