Приведени лица на Блаце без документи

На 07.01.2019 година во 16,15 часот на Граничниот премин-Долно Блаце на влез  во Р.Македонија по извршена царинска контрола во багажниот простор на патничко моторно возило „мерцедес” со кумановски регистерски таблици, управувано од А.С.(23) од Куманово, а како сопатник била Р.Л.(19) од Косово било пронајдено едно женско лице без документи. Од извршениот разговор лицето изјавило дека е К.С. (20) од Косово. Лицата биле приведени за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави