Договорот на Арјен Робен истекува по крајот на оваа сезона, а со оглед на тоа што Холанѓанецот наскоро ќе наполни 35 години, најверојатно неговиот договор со Баерн нема да биде продолжен.
Тоа ќе се обиде да го искористи милански Интер и да го ангажира Робен без обесштетување. Откако се појавија гласините, Холанѓанецот призна дека има понуди на неговата адреса.
„Многу сум горд и среќен што добив понуди. Во последните неколку седмици многу работи се случуваат. Мојот татко кој е и мој менаџер, има многу работа. Но, убаво е да се слушне дека има заинтересирани клубови“, изјави Робен и додаде:
„За мене се е отворено, се уште чекам. Сакам повторно да бидам целосно подготвен и да се вратам во тимот. Се уште не знам кога, но секако дека ќе морам да донесам одлука. Нема да чекам до крајот на сезоната затоа што имам семејство и мора да планирам однапред“, изјави Робен.
Покрај Робен, се очекува идното лето во редовите на Интер да пристигне уште едно бесплатно засилување – станува збор за стоперот на Атлетико Мадрид, Диего Годин.