Манчестер Сити неодамна славеше со 2:1 против Ливерпул, а под импресии од победата се уште е Лерој Сане.
Токму Сане го постигна победничкиот гол во 70-та минута за конечни 2:1, гол кој им ги обезбеди трите бода на „Граѓаните“ и ја заостри борбата за првото место на табелата која што избраниците на Пеп ја водат токму со Ливерпул.
„Победивме екипа која што моментално е веројатно најдобра на светот, така да мораме да бидеме среќни поради тоа. Тоа беше еден од моите најдобри настапи откако пристигнав во клубот“, изјави Сане и додаде:
„Натпреварот беше тежок, влогот беше голем. На таквите натпревари нема простор за грешки, едно погрешно додавање и ќе бидеш казнет“, изјави Сане.
После 21 одиграно коло во Премиер лигата, Ливерпул е на првото место на табелата со 54 бода, Манчестер Сити има 50, а на третото место е Тотенхем со 48 бода.