Саудиска девојка ги замоли Канада, САД, Австралија и Британија за азил

Осумнаесетгодишна девојка која побегна од својата фамилија ја повтори својата желба за азил во Канада, САД, Австралија или Велика Британија.

Рахаф Мохамед ал-Кунун одбила да влезе на летот од Бангкок до Кувајт и се барикадирала себеси во хотелска соба на аеродромот.

Таа изјавила дека се плаши дека нејзината фамилија ќе ја убие поради тоа што се откажала од исламот. Моментално таа е под закрила на Обединетите нации во Бангкок.

Откажувањето од исламот, познато како апостазија, се казнува со смрт во Саудиска Арабија.

Тајландските имиграциски служби изјавиле дека таа треба да се врати во Кувајт, каде што е нејзината фамилија.

Таа го навлече вниманието на корисниците на социјалните медиуми откако почна со лајв-твитинг на секој момент од ситуацијата во која таа се наоѓа. Нејзиниот нов твитер профил доби 50 000 корисници во рок од еден и пол ден.

Во вторникот таа го ретвитна нејзиниот прв твит каде што ја замолува Канада да ѝ даде азил.

Австралиската влада изјави дека е задоволна од фактот дека УНХЦР го разгледува нејзиниот случај.

Агенцијата за бегалци изјави дека е благодарна на службениците од Тајланд кои не ја депортирале, но додаде и дека потребни се неколку денови за нејзиното барање да биде разгледано.

Амбасадата на Саудиска Арабија во Тајланд ги отфрли тврдењата дека властите во Ријад побарале нејзина екстрадиција.

Нејзините роднини немаа коментар за нејзините тврдења.

Треба да знаете
Последни објави