Две лица загинаа, а меѓу 100 и 150 лица повреди во железничка несреќа во Јужноафриканска Република

Најмалку две лица загинаа, а десетици беа повредени во железничката несреќа во Јужноафриканската Република.

Два воза се судрија денеска во главниот град Преторија, објавија локалните медиуми.

Според податоците на службата за итна помош, меѓу 100 и 150 лица беа повредени.

Два смртни случаи беа потврдени и разни служби за спасување беа на местото на несреќата”, рече претставникот на итната служба, Чарлс Мабасо.

Минатиот јануари во јужноафриканската провинција Гаутенг во судир на два воза имаше 200 повредени.

Треба да знаете
Последни објави