Наместо разни грицки, кои секојдневно ги консумираме и кои содржат големи количини на шеќер и адитиви, треба да консумираме суво овошје и јаткасти плодови кои го подобруваат нашето здравје.
Меѓу нив се наоѓа и сувото грозје кое содржи многу витамини и минерали и притоа добро влијае на здравјето на очите.
Тоа, исто така, содржи полифеноли и фитонутриенти кои имаат силно антиоксидантно делување и кои ги штитат очите од дегенеративни промени, макуларна дегенерација и катаракта, но и спречуваат слабеење на видот. Покрај тоа, сувото грозје во својот состав има и големо количество на витамин А, бета-каротен и акротеноиди, кои исто така, играат важна улога во зачувувањето на очите.
Олеанската киселина, која се наоѓа во неговиот состав, е важна за здравјето, важна за здравјето на непцата и забите бидејќи го намалува ризикот од појава на воспаление на непцата, кариес и пропаѓање на забите. Сепак, тоа не е се. Сувото грозје поттикнува апсорција на витамини и минерали од останатите намирници кои се внесуваат во текот на денот и со тоа придонесува за зајакнување на имунолошкиот систем.