Кога крадец ќе си има работа со погрешна жена

Еден крадец заврши во болница откако се обиде да ја ограби Полјана Виана, УФЦ борец која е позната како „Челичната дама“. Крадецот викал полиција додека девојката му одржувала лекција зошто не треба да краде.

27-годишната Полјана немала милост кон крадецот кој ѝ се приближил прашувајќи ја колку е часот. Таа му одговорила и додека го враќала мобилниот на место, крадецот со пиштол побарал да му го даде телефонот. Брзата реакција на девојката со неколку удари по крадецот била доволна за тој да вика полиција, исплашен дека ќе добие уште ќотек.

Треба да знаете
Последни објави