Сериски убиец: Ладнокрвно уби 6 лица, па сега го обвини ѓаволот од апликацијата
Џејсон Далтон (48), кој во 2016 година уби 6 лица, и рани двајца, ден пред почетокот на судењето сите ги изненади со своето признание.
Далтон ги убил своите жртви меѓу две возења, зошто работел како возач на Убер.
Кога е уапсен, во полиција рекол дека “ѓаволска фигура“ на Убер апликацијата го контролирала ноќта кога пукал.
Адвокатот го наговорил да се изјасни дека не е виновен поради лудило, но Далтон – кој бил ментално способен за да му се суди – го отфрлил тој совет во последен момент токму кога се избирал последниот поротник за неговото судење.
„Да, го сакав тоа многу долго“, одговори Далтон кога судијата Александер Липсеј го праша дали признанието е доброволно.
На денот 20 февруари 2016 година, Далтон оставил група луѓе во гостилница цо Каламазу, отишол до вратата од ланецот ресторани Кракер Барел и отворил оган.
Четири жени загинаа во пукањето, а двајца три часа подоцна.
На Далтон пресудата ќе му биде соопштена на 5. февруари, а роднините на неговите жртви ќе се надеваат дека ќе објасни што го мотивирало или пак навистина видел ѓавол на неговата апликација.