„Фокс њуз“ ја прекрсти Србија во „Серкосовобија“

Сајтот „Фокс њуз“ во текст во кој пишува дека американскиот претседател се залага за постигнување договор помеѓу Белград и Приштина, Србија ја нарече „Серкосовобија“.

Во текстот на новинарката, Холи Мекеј се наведува дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп сака да забележи уште еден надворешнополитички поен со тоа што ќе ги охрабри лидерите на Србија и Косово да потпишат мировен договор на церемонија во Белата куќа, пренесе „Б92“.

https://twitter.com/ColborneMichael/status/1082372902756835328

„Долгогодишниот проблем помеѓу Косово и Серкосовобија неодамна стана интензивен, дотолку што може да предизвика вооружен конфликт“, наведе Мекеј.

Таа во текстот, повикувајќи се на неименуван извор, додава дека косовскиот претседател, Хашим Тачи, неодамна бил во посета на Германија, каде што се состанал со американскиот амбасадор во земјата, Ричард Гренел, за да ја разгледаат можност Приштина да ги намали тарифите на производите од Србија, што би довело до намалување на тензиите.

Треба да знаете
Последни објави