Тридневните преговори што ги водеа САД и Кина, денеска беа завршени во оптимистичка атмосфера. Преговорите што се водеа со цел да се стави крај на трговската војна меѓу двете земји, според претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, се одвивале во многу добра атмосфера.
Детали за преговорите сè уште не се објавени, но портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лу Канг, рече дека тие се финализирани и дека официјалното соопштение ќе биде објавено подоцна.
Talks with China are going very well!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) January 8, 2019
„Разговорите со Кина се одвиваат многу добро“, напиша Трамп на „Твитер“.
Преговорите траеа еден ден повеќе од она што беше предвидено, што покажува дека двете страни се сериозни, објави кинеското Министерство за надворешни работи.