Шпански портал пренесува бомбастична вест дека од таборот на Челси се договориле со напаѓачот на Јувентус кој во моментов настапува како позајмен фудбалер во Милан, Гонзало Игуаин.
Наводно луѓето од Челси го контактирале Игуаин за евентуален негов трансфер на „Стемфорд Бриџ“, а аргентинскиот интернационалец ја прифатил понудата.
Медиумот оди дотаму и пишува дека трансферот би можел да биде официјализиран во следните неколку часа, а „Сините“ од Лондон ќе треба да платат сума од околу 40 милиони евра за неговите услуги.
Од Милан нема да прават проблеми да ја прекинат неговата позајмица затоа што се соочуваат со проблеми околу исплатувањето на неговата плата која изнесува осум милиони евра по сезона.