КФОР денеска почна воена вежба во Косово, која ќе трае до 11 јануари.
Неименуван извор за „Косова прес” изјави дека вежбата ќе придонесе за осигурување на безбедно опкружување и слобода на движење за сите граѓани на Косово, во согласност со Резолуцијата 1.244 на Обединети нации.
– КФОР ќе има вежба и ќе воспостави трупи на цела територија на Косово, кои ќе се движат низ цело Косово. Војниците на КФОР се обучени да бидат подготвени за брзо распоредување ако е загрозена безбедноста и слободата на движење, изјави неименуван извор за „Косова прес”.