Како што пренесуваат француските медиуми, поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер наскоро би можел да биде назначен за селектор на репрезентацијата на Катар.
Арсен Венгер досега се поврзуваше со неколку европски гиганти, а се пренесува дека тој наскоро би можел да ја превземе катарската фудбалска репрезентација.
Наводно од Фудбалскиот сојуз на Катар на Французинот му понудиле „богатство“ со оглед на тоа што се подготвуваат за Светското првенство кое што во 2022-ра година ќе се игра токму во Катар.
Арсен Венгер 22 години беше тренер на Арсенал, а со лондонскиот клуб освои три титули во Премиер лигата.