Катамаранот „Новалија“ кој ги поврзува островите Ист и Молат со Задар, утрово околу 7.40 часот се заби во градското пристаниште, пишува „Задарски.хр“.
Во пловилото во моментот на несреќата имало 20 патници, а според неофицијални информации едниот од морнарите си ја повредил раката, додека постар патник побарал лекарска помош.
„Зарадски.хр“, пишува дека неофицијално, бродот се забил во пристаништето бидејќи му откажале командите. Капетанот одлучил да не го гаси моторот и катамаранот успорено се свртел за 180 степени со цел да не удри во градскиот мост. Избегнал и голема јахта, а патем не оштетил ниту еден од бродовите кои биле закотвени на пристаништето.