Во Австрија прогласено највисоко ниво на опасност од лавина

Постојаното паѓање на снегот предизвика големи проблеми во повеќе делови на Австрија, а денеска и во Горна Австрија и Салцбург прогласено е највисоко ниво на опасност од лавина.

Највисокото ниво од 5 степени значи дека лавините можат да се активираат сами од себе. Поради огромната количина на снег, во покраината Тирол околу 1.000 домаќинства останаа без струја бидејќи неколку дрвја поради товарот од снегот паднале врз далеководите.

Во покраината Салцбург, во регионот Селктал, кој е отсечен од остатокот од земјата, спасувачките екипи тргнале низ снегот за да се пробијат и да ги достават потребните лекови

Треба да знаете
Последни објави