Евакуирани конзулатите во Австралија

Неколку странски конзулати во Мелбурн и Канбера беа евакуирани денеска откако добија сомнителни пакети.

На веб-сајтот австралиската влада објави дека се забележани најмалку 10 инциденти со опасни материјали во Мелбурн, а полицијата, пожарникарите и брза помош се наоѓаат пред дипломатските претставништва на Индија, Германија, Италија, Шпанија и Јужна Кореја, според АП.

Федералната австралиска полиција соопшти дека ги испитува сите околности околу овие инциденти.

Австралискиот јавен сервис рече дека сомнителни пакети се пронајдени и во конзулатите на САД, Швајцарија, Пакистан и Нов Зеланд во Мелбурн, но исто така и во дипломатските претставништва на Грција, Франција и Хонгконг.

Во овој момент не е познато кои конзулати во Канбера ги добија овие пакети.

Од конзулатот на Нов Зеланд кажаа дека пакетите имале ознака азбест, и дека во нив се наоѓала пластична кеса за сендвич со непознат влакнест материјал.

Овој инцидент се случи само еден ден откако конзулатот на Аргентина во Мелбурн беше делумно евакуиран во понеделникот поради пријавена сомнителна супстанција

Треба да знаете
Последни објави