Mарго Роби ќе ја толкува улогата на легендарната кукла Барби во игран филм. Ѕвездата од „Одредот на отпишаните“ (Suicide Squad), „Јас, Тонија“ и „Мери Кралицата на Шкотска“, исто така ќе работи и на продукцијата на филмот.
Во интервју, Роби изјавила дека играњето со оваа кукла поттикнува самодоверба, љубопитност и комуникација.
„Чест ми е да ја играм оваа улога и верувам дека истата ќе има позитивно влијание врз децата,“ посочи актерката.
Дваесет и осум годишната актерка вели дека не можела ни да си замисли подобри „родители“ од „Варнер Брос“, како и креаторот на Барби – „Мател“. Филмот допрва треба да го објави официјалниот наслов, режисер и датум за премиера, а претставува прва соработка помеѓу овие две компании.
„Марго е идеален избор за продуцент и актерка која ќе го оживее ликот на Барби на нов, свеж начин кој е релевантен за публиката денес“, вели Тоби Емерич од Варнер Брос.