Обвинителство во Пуле покрена обвинение против музичарот Тони Цетински за предизвикување сообраќајна несреќа со смртна последица во Ровињ. Според соопштението на обвинителството, тој се товари дека на 3 ноември 2017 година околу 13:55 часот управувал со патничко возило во Ровињ од североисток кон југозапад спротивно на одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Тој со возилото влегол во тесна кривина, во еднонасочна улица во која има голем број објекти во центарот на градот. Според обвинението, возилото влегло во кривината без возачот претходно да се увери дали може да сврти без да има последици врз учесниците во сообраќајот.
Исто така се смета дека брзината на движење на возилото не била прилагодена на условите на патот, видливоста, прегледноста и состојбата на возилото. Поради сето ова, Цетински се товари дека не обрнал внимание и го прегазил пешакот кој лежел на улицата, со нарушено здравје поради срцево заболување и во тешка алкохолизирана состојба.
Обвинителството во Пули го подигна обвинението последниот ден од минатата година, а објавено е на 8 јануари на сајтот на судот