Најголемиот американски музеј, Метрополитен во Њујорк, кој има три локации во градot, во 2018 година го посеиле 7.360.000, што е рекорд за една година.
Во претходната 2017 година, музејот имаше седум милиони посети. Ланскиот рекорд се должи на изложбата во Одделот за костими „Божествени тела” и „Микеланџело – божествениот сликар и дизајнер”.
– Инспиративно е тоа што њујорчани и посетителите од цел свет доаѓаат да ги погледнат нашите изложби, како и постојаните поставки и разните програми што ги организиравме и тоа е прекрасна почит кон светската уметност, изјави директорот на Метрополитен, Даниел Вајс.
Од посетителите, 32 отсто биле странци, од кои 14 отсто од Кина.