Република Српска го одбележува Денот на Републиката

Во Бања Лука и во другите градови  на српскиот ентитет во Босна и Херцеговина, денеска се прославува Денот на Републиката, со што се одбележува прогласувањето на Република Српска со одлука на „Собранието на српскиот народ во БиХ” на 9 јануари 1992 година.

Одбележувањето на 27-годишнината од формирањето на Република Српска почна вчера со полагање венци на споменикот на загинатите војници на Војската на Република Српска на гробиштата во Бања Лука, а централната свеченост ќе се одржи денеска.

Република Српска беше меѓународно призната како ентитет на Босна и Херцеговина, со Дејтонскиот мировен договор три години подоцна.

Треба да знаете
Последни објави