На 08.01.2019 година во 14.40 часот во СВР Скопје, Б.С.(62) од струшкото село Лабуништа, пријавил дека истиот ден околу 12.30 часот на улица „Бледски договор” во Скопје, во близина на болницата „Филип Втори”, бил измамен од две непознати лица и бил оштетен за сума од 12.200 денари.
Како што денеска соопшти МВР, прво му се доближило едното лице и побарало да му помогне во превод на српски јазик, наводно со некој странски државјанин, со кој направил сообраќајна незгода. Тогаш, Б.С. тргнал со лицето и пред болницата се сретнале со другото лице. После тоа, сите заедно продолжиле да се движат, а во еден момент наводниот странец му побарал 100 евра и 6.100 денари за, наводно, да ги даде на докторот за укажаната помош по сообраќајната незгода. Тој му дал пари, а „странецот ” му дал рачен часовник како гаранција додека му донесе пари. После тоа, двете лица заминале и не се вратиле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.