Курдските сили објавија дека нивните борци во источна Сирија заробиле осум странски борци од редовите на Исламската држава вклучувајќи и тинејџер од САД.
Во нивното соопштение беше посочено дека екстремистите биле заробени претходно оваа недела во провинцијата Деир Езор, каде што Исламската држава и натаму држи одредени делови од територија и каде што продолжуваат жестоките борби.
Меѓу заробените има по еден државјанин на САД, Германија, Украина и на Русија и двајца таџикистански и двајца узбекистански државјани.
Тинејџерот од САД бил идентификуван како 16-годишниот Сулај Ноа Су.
Стејт департментот на САД неофицијално изјави дека знае за ваквите информации, но засега останува без коментар.