Ракометниот ас, Исланѓанецот Гудјон Валур Сигурдсон (40) нема да биде дел од неговата селекција на СП во Германија и Данска.
Ракометниот ас, Исланѓанецот Гудјон Валур Сигурдсон (40), нема да биде дел од неговата селекција на СП во Германија и Данска. Левото крило се повреди на една од контролките на Исланд во подготовките, па противниците на нашата селекција во групата во Минхен се соочуваат со хендикеп.
„Тој е еден од најдобрите ракометари во светот. Играше извонредно на контролните натпревари и неговото отсуство ќе биде голем хендикеп за нас“, изјави денеска селекторот на Исланд, Гудмундур Гудмундсон.
Сигурдсон, кој игра во германски Рајн Некар Левен заедно со нашиот Филип Талески, нема пропуштено ниеден настап за репрезентацијата на големите натпреварувања дваесетина години.
Исланд е последниот противник на Македонија во групата Б на СП.