Полицијата приведе гостиварец кој ограбил дваесетина куќи. Во куќата во која привремено престојувал крадецот биле пронајдени уметнички слики, разновиден алат и други предмети.
„Полициски службеници на 8 јануари од 15 до 16 часот извршиле претрес во објект на улица Јордан Јордановски во Гостивар, во кој времено престојувал 30-годишниот Б.С. од Гостивар. При претресот, реализиран со судска наредба, во објектот се пронајдени предмети кои потекнуваат од повеќе тешки кражби: уметнички слики, разновиден алат и други предмети“, соопшти МВР.