Адул Саосонгјанг (35) од Вакавил, Калифорнија е уапсен бидејќи украл лотариски тикет со добивка од 10 милиони долари од својот цимер. Крадецот бил уапсен кога дошол да го земе џек потот.
На 20 декември 2018 година, неговиот цимер, чиј идентитет не бил откриен од страна на полицијата, отишол во продавница за среќа во Вакавил, надевајќи се на некоја добивка пред празниците, па купил грепка од 30 долари.
И покрај малите шанси за добивка, цимерот освоил џек пот, но бидејќи не ги знаел добро правилата на лотаријата, верувал дека освоил околу 10.000 долари. Тој веднаш заминал дома и добрата вест ја споделил со Саосонгјанг и нивниот друг цимер.
Следното утро, тој се упатил кон најблиската канцеларија на државната лотарија во Калифорнија во Сакраменто, но кога пристигнал таму му било кажано дека неговиот тикет е безвреден. Збунет, човекот се посомневал дека неговата добитна грепка била заменета од еден од неговите цимери и го пријавил случајот во полицијата.
Наредниот ден и Саосонгјанг доживеал изненадување. И тој исто така отпатувал за Сакраменто и ја побарал добивката. Но од лотаријата му рекле дека тикетот не вреди 10.000 долари, туку 10 милиони долари. Сепак, поради правните процедури, парите не му биле исплатени веднаш, туку му рекле да дојде по извесен период.
Во меѓувреме, полицијата ги глдала снимките од продавницата каде бил извлечен тикетот и виделе декакрадецот дошол подоцна, откако дознал за добивката. Тој го купил тикетот,кој биќл без добивка и ноќта кога добитникот спиел ги заменил тикетите.
Оригиналниот сопственик на тикетот веројатно ќе ја добие својата награда, иако допрва треба да биде потврдена од државната лотарија во Калифорнија, а Саосонгјанг може да добие три години затвор.