Норвешкиот министер за одбрана, Франк Баке Јенсен, денеска изјави дека постои можност помеѓу земјите во Европа да избувне војна.
Норвешкиот министер смета дека можниот конфликт ќе има сериозни последици за скандинавските земји.
„Севкупно, случувањата во нашата средина покажуваат дека мора да се има предвид дека вооружениот конфликт меѓу државите во Европа веќе не е незамислив“, истакна тој.
Трошоците за одбрана за последните пет години се зголемија околу 30 отсто, а тој раст ќе продолжи и во иднина, додаде минисерот Јенсе во својата изјава.
Европа се соочува со најсериозна миграциска криза од Втората светска војна, предизвикана првенствено од многубројни вооружени конфликти и акутни економски проблеми во Африка и на Блискиот Исток.