Kатастрофална е состојбата со зимското одржување во Охрид и отстранувањето на снегот, изјави денеска шефот на центарот за комуникации на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид. Тој вели дека градоначалничката функција не е пиар и маркетиншка агенција. „В.Д градоначалникот Констатнтин Георгиески добро ќе беше чајот да го испие и со граѓаните кои беа оставени сами на себе да се справуваат со снегот“, изјави Божиновски.
„Наместо свесно извршување од сметката на општината со цел враќање стари долгови, требаше се набави нова и современа механизација, а не директорите на јавните претпријатија да набавуваат стари некорисни возила со сомнителни технички спецификации.
Георгиески и покрај информациите, откако Охрид беше затрупан со снег, одржа работен состанок со членовите на Оперативниот штаб и директорите на јавните претпријатија. Патиштата и улиците во населбите Радојца Новичиќ, Кошишта, Видобишта останаа нерасчистени и тешко проодни, а Стариот дел на градот и поодалечените места беа блокирани и отсечени. Дури и центарот на градот и градскот плоштад беа затрупани во снег“, изјави Божиновски.
Синоќа улицата до Кардиолошкиот центар беше целосно отсечена, обвинува Божиновски, и додава „да не размислуваме доколку некој има потреба од итна медицинска помош, тогаш веќе ќе биде доцна за секакви реакции“.
Тој вели дека расчистувањето на снегот во Стар град и ненаселените места почнало дури денеска. „Срамно и скандалозно е снегот во јануари да ве изненади“, вели шефот на центарот за комуникација на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид